Русија подготвена за регистрација на „спутник лајт“


 

Русија ги заврши клиничките испитувања за полесната верзија на вакцината „Спутник V“ против корона вирус која се дава во една доза, рече денеска министерот за здравство Микаил Мурашко на државната телевизија. Подготвени се документите за нејзина регистрација.

Русија во јануари објави дека разгледува развој на полесна верзија на својата вакцина против корона вирусот за привремено да понуди решение и да им помогне на земјите со високи стапки на заразата.

Москва наведе дека Русија ќе продолжи најмногу да ја користи вакцината „Спутник V“ која се дава во две дози.