Русија нема да интервенира во Нагорно Карабах
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараа за ситуацијата во Нагорно Карабах, но не се зборувало за можноста Русија воено да интервенира во тековниот вооружен конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан.
– Претседателот Путин и јас не разговаравме за можна руска воена интервенција во Нагорно Карабах. Покрај тоа, во моментов не треба да го користиме потенцијалот на 102-та руска база, иако, доколку е потребно, тоа може да се случи затоа што има законска основа за тоа, изјави премиерот Пашинјан.
Азербејџан и Ерменија прогласија воена состојба и општа мобилизација и двете страни соопштија дека има многу цивилни жртви во четиридневниот вооружен конфликт.