Русија најави дека ќе бомбардира цели во центарот на Киев
Руското Министерство за одбрана предупреди дека ќе бомбардира цели во центарот на Киев каде што има цивили, а целта и е наводно да ги уништи државните безбедносни агенции од каде што се управува со одбраната на земјата.
Имено, според руските медиуми, Министерството за одбрана предупредило дека со прецизно оружје ќе ги нападне објектите на СБУ и 72-от главен центар за информации и психолошки операции на вооружените сили на Украина во Киев со цел „да ги потиснат информативните напади против Русија“. Според Министерството за одбрана, по почетокот на руската„ специјална воена операција“ во Украина, бројот на информативни напади врз руските државни институции е многукратно зголемен.Во извештајот се вели дека Русите постојано добиваат повици со закани за физичка елиминација.
Според Министерството за одбрана, информативните напади врз Русија ги врши 72-от главен центар за информации и психолошки операции на вооружените сили на Украина заедно со единиците за сајбер операции на СБУ, кои користат хардверски и софтверски системи и комуникациски капацитети во Киев.
Одделот за одбрана ги повика сите што живеат во близина на релејните јазли во Киев, како и „Украинците привлечени од националистите да вршат провокации против Русија“ да ги напуштат своите домови.
Една од целите што ги споменува руското Министерство за одбрана е во самиот центар на Киев, во близина на државните институции.