Русија ги забрани авиокомпаниите од 36 земји


Меѓународниот аеродром „Внуково“ во Москва

 

Русија во понеделникот им забрани на авиокомпаниите од 36 земји, вклучително и Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и Канада, да го користат рускиот воздушен простор во одмазднички потег по опсежните санкции насочени кон нејзиниот авијациски сектор. И Македонија беше меѓу земјите кои воведоа забрана за руските авиони над нејзиното небо.