Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
Портпаролот на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ изјави дека Русија е подготвен да произведува борбени авиони од петта генерација Су-57 во Индија за потребите на индиските воздухопловни сили.
Тој додаде дека производството на авионите би можело да почне уште годинава, ако Владата на Индија го прифати предлогот.
– Изработката на авионите во Индија, со целосен трансфер на технологија, ќе гарантира дека производството и одржувањето нема да бидат засегнати од западните санкции против Русија, посочи портпаролот на „Рособоронекспорт“.
Министерството за одбрана на Индија сè уште не ја коментираше руската понуда.