Русија бесна на Хрватска, не дозволила хуманитарен лет
Нејзината изјава следи откако Загреб одби да дозволи „хуманитарен лет“ од Москва за транспорт на голема група руски дипломати и членови на нивните семејства во Русија, што Хрватска неодамна ги прогласи за непожелни и им даде две недели рок да ја напуштат земјата.Се работи за 18 дипломати и шест членови на административниот персонал на руската амбасада во Загреб.
„ Во напад на русофобична милитантност, официјален Загреб отиде дотаму што одби да организира хуманитарен лет за евакуација на голема група работници на руската амбасада во Хрватска, заедно со нивните семејства, вклучително и мали деца, целосно недипломатски, грубо и со кршење на меѓународни комуникациски стандарди. Се работи за луѓе на кои хрватските власти целосно неразумно им наредиле да ја напуштат земјата“, рече Захарова.
„ Ваквиот нехуман и крајно исмејувачки однос кон нашите сограѓани нема да помине без соодветен одговор“, заклучи Захарова.