Рубио најави откажување на поголемиот дел од програмите на УСАИД

Откажани се 5.200 договори. Ќе останат само 1.000, а тие же ги менаџира Стејт департментот


 

Државниот секретар Марко Рубио најави дека УСАИД ќе го откаже поголемиот дел од своите програми, додека останатите ќе бидат преклопени во Стејт департментот.

Пишувајќи на Икс, Рубио рече:

„По преглед од 6 недели, официјално откажуваме 83 отсто од програмите на УСАИД.

5.200-те договори кои сега се откажани потрошија десетици милијарди долари на начини кои не им служеа, (а во некои случаи дури и наштетија) на основните национални интереси на Соединетите Држави.

Во консултација со Конгресот, имаме намера преостанатите 18% од програмите што ги одржуваме (приближно 1.000) сега да бидат поефикасно администрирани под Стејт департментот.

Благодарност до ДОГЕ и нашиот вреден персонал кој работеше многу долги часови за да ја постигне оваа задоцнета и историска реформа“.

Не е јасно какво влијание ќе има одлуката врз крајниот рок на федералниот судија денес за расклопената агенција за помош да плати 2 милијарди долари во сметки: