Рубен Остлунд ќе жирира годинава во Кан со три дами и четворица џентлемени
Кан– Шведскиот режисер Рубен Остлунд ќе претседава со жирито на 76. Кански филмски фестивал кој ќе се одржи од 16-27 мај во кое ќе учествуваат и актерите Бри Ларсон и Пол Дано, објави најгламурозниот филсмки фестивал на светот.

Остлунд, за неговиот последен филм, „Триаголник на тагата“ (Triangle of Sadness) , лани ја доби Златната палма, а годинава имаше и три номинации за Оскар, за филм, за сценарио и за режисер. Во 2017 тој победи во Кан и со „Квадратот“. На канскиот фестивал има учествувано и со два други филма, од кои за едниот ја доби наградата од жирито.
Тоа е еклектичен микс што ќе ги избере победниците меѓу 21 филм во конкуренција.
Оскаровката Ларсон ќе биде дебитант на црвениот килим во Кан.
Жирито за категоријата Un Certain Regard ќе го предводи актерот од „The Sisters Brothers“ Џон К. Рејли. Заедно со него ќе бидат француската режисерка Алис Винокур, германската актерка Пола Бир и белгиската актерка Емили Декен. Режисерот на Франко Камбоџа, Дејви Чоу, ќе го заокружи жирито за оваа категорија. (Варајати)