Русија: Вакцинираат и во трговски центри, но досега заштитија само 6 отсто од населението6 отсто од граѓаните


Во Русија кампањата за вакцинација против корона вирус и понатаму бавно напредува, па заклучно со денеска вакцинирани се само 9 милиони луѓе или 6 отсто од популацијата, кои примиле една или две дози вакцина.

Руските научници досега развија три вакцини против вирусот. Прва меѓу нив е „спутник V“, а на рускиот пазар е веќе девет месеци.

Покрај докажаната делотворност, анкетите спровиедени меѓу населението на Русија покажа дека повеќето не сакаат да се вакцинираат затоа што се совмеваат во безбедноста на вакцината.

Истовремено, иако дел од населението се колеба во поглед на вакцинацијата, руските медиуми пишуваат дека многу руски региони се борат да добијат што повеќе вакцини.

Вакцинирање и во трговски центри

За разлика од нив, жителите на Москва може да се вакцинираат и на места како трговски центри.

Претседателот Владимир Путин неодамна рече дека сака Русија, земја со 146 милиони жители, до есен да постигне колективен имунитет, а според заменичката на премиерот Татјана Голикова, дневно се вакцинираат и до 300.000 луѓе.

Според податоците на државната телевизија, досега прва доза примиле 13 милиони жители.

Русија истакнува сека „спутни V“, развиена од московскиот Истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалај“ , го одобрија 64 земји.