Роверот на Марс направи кислород по првпат
Роверот „Упорност“ на НАСА, на Марс зеде јаглерод-диоксид од атмосферата на Марс и го претвори во кислород. Ова е прва ваква трансформација направена на друга планета, објави американската Воздушно-вселенска агенција.
– Ова е клучен прв чекор кон претворање на јаглерод-диоксид во кислород на Марс, рече вчера Џим Ројтерс, еден од помошниците директори на НАСА.
Експериментот се случи на 20 април, а НАСА се надева дека идните верзии на експерименталната материја ќе му помогнат на човекот еден ден да користи трансформиран кислород од Марс. Ова може да им помогне на астронаутите кои би оделе на мисија на Марс да избегнат носење поголеми количества кислород за потоа да се вратат на Земјата.
Експериментот е извршен со помош на специјалниот уред „Марсовски кислородни ресурси“ (МОКСИ), што е, всушност, налик на кутија со големина на акумулатор, сместен на предната страна на роверот „Упорност“. Тој користи електрична енергија и хемиски процеси за да ги оддели молекулите на јаглерод-диоксидот, правејќи кислород, од една страна, и јаглерод-моноксид, од друга.
Во првиот обид, како што пренесува „Гласот на Америка“, МОКСИ произвел пет грама кислород, што е доволно астронаутот да дише 10 минути во нормални услови.