Романија е виновна за падот на фреквенцијата во европската електрична мрежа

Кризата поради корона вирусот создаде огромна неизвесност во глобалните текови на капитал

Падот на фреквенцијата во електричната мрежа во Европа, што се случи во петокот попладне, и што можеше да предизвика огромни проблеми во снабдувањето со електрична енергија, се должи на прекин на електричната енергија во дел од Романија.

Според романскиот оператор „Транселектрика“, северозападниот дел на Романија останал без електрична енергија, на некои места и до час и половина, додека во други делови на земјата напонот паднал на 90 волти, пишува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз.

Европската асоцијација на струјни мрежи (ENTSO-E) потврди дека фреквенцијата во петокот падна на 49,745 херци (Hz). Инаку, потребна е фреквенција од 50 херци за нормално функционирање на мрежата.

Европските оператори на електрична енергија успеаја да ја стабилизираат мрежата по еден час.

Австриските експерти веќе подолго време предупредуваат дека Европа е во опасност од затемнување („blackout“), бидејќи по прекинот на електричната енергија на неколку електрани во европската електромрежа, како што беше случај сега, недостасуваат големи количини на електрична енергија, што може да доведе до верижна реакција и ризик од колапс на целиот систем.