Роман Абрамович во бегство, можеби е веќе во Москва

Рускиот олигарх со приватниот авион бегаше во Израел, па Турција, а сега е веројатно во рускиот главен град. Неговите јахти вредни 1 милијарда фунти пловат кон безбедните турски води


Роман Абрамович снимен на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив

 

Роман Абрамович денеска е во бегство од санкции и можеби побегнал во Москва додека неговите јахти од 1 милијарда фунти се упатуваат кон безбедните турски води. Тоа се случува откако ЕУ одлучи да го казни сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи поради Украина и тој се соочува со сè помал број засолништа за неговите 12 милијарди фунти готовина и средства.

Олигархот изгледаше сиво, уморно и слабо во она што личеше како да бега од Тел Авив со својот приватен авион вчера околу пладне – само неколку часа откако Израел рече дека нема да биде безбедно место за санкционирани олигарси.

Сопственикот на Челзи беше сликан во ВИП-салонот на аеродромот „Бен Гурион“ како внимателно зјапа во својот телефон со маска на лицето навлечена преку брадата непосредно пред со авионот да полета за Турција. Синоќа истиот авион полета за Русија, а утринава околу 4 часот по европско време слета во Москва.

Летовите го ставија приватниот авион „Галфстрим“ од 49 милиони фунти надвор од дофатот на Израел и Европската унија, кои вчера се согласија да го санкционираат Абрамович. Минатата ноќ документарен филм на Би-Би-Си Панорама го обвини дека е „човекот за пари на Путин“ и рече дека открил нови докази за наводни коруптивни зделки што го направиле неговото огромно богатство. Еден експерт тврди дека „украл милијарди“ од рускиот даночен обврзник. Неговите адвокати инсистираат дека нема основа за тврдење дека собрал богатство преку криминал.

И сега ЕУ го санкционира затоа што тврдат дека неговите пари ги подмачкуваат машините на руската војна. „Политико“, кој вели дека видел нацрт на документот, тврди дека во него се вели оти Абрамович ужива „привилегиран пристап“ до Владимир Путин и овие „многу добри односи“ ги покриваат неговите сопствени џебови во индустриите што нудеа „значителен извор на приходи“ за Кремљ, помагајќи ѝ на Москва да ја финансира својата инвазија на Украина.

Лондон го санкционираше минатата недела бидејќи британската влада се сомнева дека „Евраз“, челичниот гигант што тој го контролира, наводно испорачувал челик за производство на армијата тенкови на Путин.

Јахтата „соларис“ го напушта Тиват во Црне Гора и плови кон Турција

Денес неговата суперјахта „Соларис“ вредна 445 милиони фунти, патува по права линија, очигледно за да остане во меѓународните води откако вчера побегна од пристаништето Тиват во црногорските води кон Турција. Јахтата побрза да го напушти Тиват откако црногорската влада соопшти дека ќе ги донесе истите санкции како ЕУ и ќе го заплени бродот. „Соларис“ моментално се движи надвор од Јадранот и во Средоземното Море меѓу Италија и Албанија и ќе го избегне брегот на Грција. Во Турција се очекува да пристигне до крајот на неделата.

Неговиот друг брод, „Еклипс“, вреден 537 милиони фунти, исто така плови на исток откако минатата недела го напушти карипскиот остров Сент Мартин. Островот е дел од ЕУ и би можел да биде запленетво пристаништето. Во моментов се движи кон исток над брегот на Либија, а може да се движи и кон Турција.

Би-Би-Си Панорама, во документарецот емитуван синоќа, рече дека е предаден документ кој покажува дека руските власти сакале да го обвинат Абрамович за измама во 1990-тите. Протеченото досие, кое го чуваат руските органи на прогонот, тврди дека владата била измамена за 2 милијарди фунти во голем договор за нафта. (Дејли мејл)