„Ролинг стоунс“ ја одложи турнејата поради влошеното здравје на Мик Џегер


САД – Легендите од „Ролинг стоунс“ ја одложија турнејата во САД и Канада бидејќи фронтменот на групата, Мик Џегер, мора да биде третиран, објави Ројтерс.

На социјалната мрежа Tвитер, пејачот напиша: „Многу сум вознемирен што мораме да ја одложиме турнејата, но ќе се обидам да се вратам на сцената што е можно поскоро.”

Се очекува 75-годишната рок-легенда целосно да закрепне, велат менаџерите на групата.

Северноамериканската тура на рок-легендите беше закажана од 20 април до 29 јуни. Фановите беа советувани да ги задржат своите билети, што исто така ќе важат и за новите датуми на концертите на Ролинг Стоунс.