Роберт Билбилов и Лејла Рамковска: Нова двојка на македонската сцена 


Тој, меѓу најбараните и најталентирани млади композитори дома и во регионот, со вонвременски хитови испеани од Тамара, Кристина Арнаудова, Каролина, Лоба, Тијана… Таа инструкторка по јога. И двајцата имаат развод зад себе и деца. И двајцата мистериозни кога станува збор за приватниот живот.

Роберт Билбилов и Лејла Рамковска потврдија дека се во врска, а сега уживаат во монденската Ница на Азурниот брег во Франција, каде што на 26 ноември се одржува Јуниорски Евросонг – Роберт заедно со Дарко Димитров и Коста Петров, е автор на македонската песна „Кажи ми, кажи, кој“. На Јуниорскиот Евросонг оваа година ќе нè претставува Тамара Грујевска, која беше избрана како македонски претставник на аудиција. Песната, која е моќна балада, таа ќе ја пее на македонски и на англиски јазик.

Роберт и Лејла објавија фотографии на Инстаграм како се шетаат низ градот, возат велосипеди, од посетата на замокот во Ница и уживаат во убавините на француската ривиера, а не кријат ни дека се вљубени.