„Рибља чорба“ на 31 јули во Охрид во Античкиот театар
Една од најпопуларните српски и југословенски рок групи, неверојатно квалитетните и легендарните „Рибља чорба“, ќе одржи концерт во Македонија на 31 јули во Античкиот театар во Охрид. Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен бенд со кој пораснаа многу генерации, но и бенд кој со сигурност остави траен печат во балканската рок историја.
Бора Чорба и неговиот бенд, ги повикаа сите нивни обожаватели под отворено небо, на добра журка која знаеме дека со нив е загарантирана, но и ветија дека тоа ќе биде уште еден добар и чесен концерт, впрочем тие не знаат за поинаку.