Режисерот Квентин Тарантино ќе стане татко на 57 години
САД- Славниот режисер Квентин Тарантино (56) , актуелен со филмот „Беше еднаш во Холивуд“ со Бред Пит и Леонардо Дикаприо, за прв пат ќе стане татко. Со сопругата Даниела (35) , модел и пејачка од Израел, го очекуваат првото дете.
Двојката се запозна во 2009 година, а во 2017 се сврши. Лани, се венчаа на интимна церемонија во домот на режисерот во Лос Анџелес.
-Пресреќни сме“, изјавија за „Пипл“ .
За Тарантино ова е прв брак и како и прво дете. Неговиот најнов филм, деветти по ред, руши рекорди на киноблагајните.