Ревија на Јована Филиповиќ во „Станица 26“
Дизајнерката Јована Филиповиќ за која се бара покана повеќе на ревиите во Скопје, по две година пауза од модната сцена, организира ревија в недела, во 201 часот во „Станица 26“.
Колекцијата за сезоната 2020 е насловена „ ID-entity “.
Претходно, Филиповиќ беше на мастер студии на универзитетот за мода, Полимода во Фиренца, Италија.
-Во денешно време дизајнерите не креираат само колекции, туку се грижат и за бизнис делот од работата, адвертајзингот, креативните кампањи и сл. А сето тоа да изгледа така фино како што го прават модните брендови надвор сметам дека е потребно многу знање и искуство, ни изјави Филиповиќ.