„Реплек“ го продава „Реплек Хубо маркет“


„Реплек“ ќе го продава целиот свој удел во „Реплек маркет“, соопшти компанијата преку јавно достапна информација на Македонската берза.

Како што стои во соопштението, „акционерското друштво ‘Реплек’ ад Скопје ќе даде јавен повик за прибирање понуди за продажба на 100 отсто удел кој го поседува како единствен содружник во ‘Реплек маркет’ ДООЕЛ Скопје кој претставува повеќе од 5 отсто од средствата на друштвото определено врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи.

Дописот е потпишан од Душан Пецовски генерален директор „Реплек“ ад Скопје.

Инаку, на интернет страницата на компанијата, стои јавен повик за продажба на „Реплек маркет“ од 20.072022 година, со рок на поднесување на понуди од 45 дена од денот на огласувањето. 

Во тогаш објавениот јавен повик се вели дека право на учество имаат сите правни и физички лица кои претходно подигнале документација за продажба и претходно положиле гаранција од 150 илјади евра.

Инаку, групацијата „Реплек“ ја извршува дејноста преку три правни субјекти: „Реплек“ АД Скопје – веледрогерија за големопродажба на лекови, медицински помагала и
медицинска опрема; „Реплек фарм“ ДООЕЛ Скопје – фабрика за лекови и хемиски производи; и „Реплек маркет“ ДООЕЛ Скопје – друштво за трговија на големо и мало, увоз – извоз и
услуги во чиј состав се: „Реплек Маркет и Ресторан „Ден и Ноќ“.