Рекордни 75 починати од Ковид-19 во Хрватска
Уште 75 пациенти со Ковид-19 починале во последните 24 часа во Хрватска, што е рекорден број жртви од вирусот во еден ден.
Денеска се забележани уште 5.460 нови случаи, а активни се 34.731.
Вчера имаше 64 починати и 6.246 новозаразени.
Во болница се лекуваат 2.496 пациенти, а 325 се на репсиратор.
До денеска се тестирани 3.411.379 лица, а 13.771 во последните 24 часа.