Рекорди: Русија трошела 1,6 милијарди долари дневно на војната во Украина

300 милијарди долари Воените расходи на рускиот буџет за првата половина од 2025 година поставија нов рекорд – 300 милијарди долари, според пресметките засновани на податоци од Министерството за финансии од Јанис Клуге, истражувач во Германскиот институт за меѓународни безбедносни студии.
Во споредба со истиот период минатата година, расходите за армијата и производството на оружје се зголемија за 31 отсто; во споредба со јануари-јуни 2023 година – за 95 проценти, а ако се спореди со првата година од војната – три пати, според пресметките на Клуге.
Во просек, „воената машина“ јадеше 50 милијарди долари месечно – износ што ги надминува годишните буџети на сиромашните руски региони.
Речиси две третини (62%) од воениот буџет во Русија е класифициран, според проценките на Клуге. Во текот на годината, тајниот буџет се зголемил за 41%, и речиси 4 пати во споредба со јануари-јуни од првата година од војната.
Земајќи ја предвид ставката „национална безбедност“, која ги вклучува буџетите на Министерството за внатрешни работи, Руската национална гарда, Истражниот комитет и специјалните служби, на безбедносните сили им биле доделени околу 40% од трошоците на државната каса, или 8% од БДП. Но, вистинскиот износ ќе биде уште поголем, изјавил владин извор за Ројтерс.
Дури и ако мировните преговори во Украина бидат успешни, Кремљ не планира да ги намали воените трошоци во 2026 година, изјави изворот на агенцијата: „Сè уште ќе треба да се произведуваат гранати и беспилотни летала, иако во малку помал обем. Конфронтацијата ќе продолжи, трошоците за армијата и оружјето ќе бидат поголеми, бидејќи и Западот ги зголемува“.
Доколку заврши активната фаза на непријателствата, воениот буџет може да се намали од 2027 година, иако „не треба да очекуваме намалување на нивоата што беа пред 2022 година“, нагласи изворот на Ројтерс.