Рекорден број починати од Ковид-19 во Хрватска – 76


Во последните 24 часа забележани зе 5.341 нов случај на зараза со корона вирус, а активни се 32.603.

Меѓу нив, 2.391 пацент се на болничко лекување, од кои 311 на респиратор.

Починаа 76 пациенти, што е најмногу во овој бран и оваа година, во еден ден.

На 26 ноември имаше 75 жртви, вчера 68, а досега во Хрватска починаа 10.967 луѓе.