Регистрацијата на гласачите за албанската дијаспора за парламентарните избори почнува в сабота
Регистрацијата на гласачите за албанската дијаспора за учество на парламентарните избори на 11 мај официјално ќе започне в сабота.
За оваа категорија, Централната изборна комисија на својата веб-страница ќе вклучи посебна опција која им овозможува на сите Албанци кои живеат во странство да се регистрираат преку компјутер или мобилен телефон.
Се што им треба е албанска лична карта и адреса во странство.
Платформата ќе остане отворена за регистрација до 6 март.
Со измените и дополнувањата на изборниот законик за првпат албанската дијаспора ќе може да гласа на претстојните 11. по ред парламентарни избори.