Редовна седница на Владата


 

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 83. седница.

На седницата, меѓу другото, на предлог на Министерството за внатрешни работи ќе биде разгледан Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата, за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од Унијата за Република Северна Македонија според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).

На дневен ред е и Информацијата за работата на интер-ресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите за 2021 година, предложена од Министерството за труд и социјална политика.

За донесените заклучоци и одлуки од денешната владина седница која е предвидено да почне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.