Редок стрип за Супермен продаден за 3,25 милиони долари


 

Редок стрип во кој првпат се појавува јунакот Супермен продаден е за 3,25 милиони долари.

Оваа сума покажува дека изданието Action Comics #1, кое се продавало за 10 центи кога се појавило во 1938 година, сега е најскап стрип на светот.

Стрипот ја содржи приказната за потеклото на Супермен и се смета за почеток на занрот за суперхерои.

Се верува дека на светот се уште постојат уште стотина копии од овој стрип, а оваа е пронајдена „затрупана“ во стари филмски магазини од триесетите години на минатиот век. Аукциската куќа ComicConnect наведе дека стрипот е во одлична состојба.

Стрипот зборува за тоа ккао Супермен дожол на Земјата од друа планета и станал Клак Кент.

Продавачот остварил профит од милион долари откако го поседувал три години. Новиот сопственик е анонимен купуваќ кој е релативен почетник во инвестирањето во стрипови.

Друга копија од овој стрип продадена е во 2014 година за 3,2 милиони долари.