Речиси 600 птици убиени, 15 на интензивна нега – од петарди и огномети во Бугарија
Огномет и петарди убија 600 птици во областа Копривштица во Бугарија. Екипата на Центарот за спас „Зелен Балкан“ не пречека во новата година со 591 планинска сипка на обдукциската маса и уште 15 полуживи на интензивна нега!
-И ова во никој случај не е целосниот број на сите мртви птици, туку само на оние што успеавме да ги собереме пред стемнување! Сите тие се жртви на новогодишната „војна на улица“, во случајов во Копривштица… но, којзнае уште на колку места кај нас сликата е иста, додаваат од Центарот за спасување. Копривштица инаку е градче од само неколку илјади жители.
Какви се овие празници и каква е оваа веселба што предизвикува смрт на невини суштества, прашува „Зелен Балкан“. | БГНЕС