Речиси 6.000 новозаразени и 50 починати од Ковид-19 во Србија
Во последните 24 часа во Србија позитивни на корона вирус се 5.983 лица, а истовремено починаа уште 50 заболени од Ковид-19.
Србија досега има 966.989 регистрирани заболени од корона вирус. тестирани се 5.727.277, од кои 19.452 вопоследните 24 часа.
Во болница има 6.511 ковид-пацинети, а борбата со болеста на респиратори ја водат 256 пациенти.
Од последиците на Ковид-19 досега починале вкупно 8.430 лица.
Кризниот штаб треба да има состанок утре, но некои членови не се сложни повторнод а се воведат строги мерки и повторно заклучување.