Разбојници во Германија ги украле посмртните останки на свети Волфганг
Разбојници украдоа 1.000 години стари посмртни останки од светец од среднвековната црква во Регенсбург на југот на Германија.
Кражбата се случила само неколку дена оред Денот на светиот Волфганг 31 октомври.
„Крадците ги украдоа останките од непробојно стакло и челична конструкција употребувајќи огромна сила. Нематеријалната штета е немерлива“, наведе црквата.
Волфганг, кој умрел во 994 година, бил привот бискуп на Регенсбург. Канонизиран е во 1052 година, а делови од неговото тело се закопани на различни места, пишува de24.news.
Постојат два гоба на Волфганг во Регенсбург. Едниот во близина на базиликата Емерамс, а друг во срвката Св.Волфганг. Останки може да се најдат како реликвии во Австрија и во Португалија.