Расте бројот на заразени во Италија
Веќе неколку седмици забележителен е растот на бројот заразени од корона вирус во Италија, а расте и бројот на луѓе во болница.
Во последните 24 часа, корона вирусот е најден кај 1.851 лица, што е за 200 повеќе од вчера.
Расте бројот и на луѓе во болница, а во моментот има повеќе од 3.000, додека во последните 24 часа од заразата починаа 19 луѓе.
Од почетокот на пандемијата досега во Италија вкупно се заразени 314.861 лица, а починаа 35.894.
Ниедна италијанска покраина не е без нови случаи на корона вирус, а веќе десетина дена на врвот се Кампања, Лацио и Сицилија.
Италијанските власти ја продолжувааѕ капмањата за масовно тестирање, а вчера бие тестирани 105.000 лица.
Тоа е една од мерките за превенција од ширење на заразата која на врвот на пандемијата беше применета во северниот регион Венето.
Извори блиски до владата тврдат дека властите размислуваат за можност за продолжување на вонредната состојба поради Ковид-19, кон крајот на јануари оваа година.
Според одлуката, која сега е на сила, вонредната состојба воведена поради пандемијата трае до 15 октомври.