Расте бројот на заразени во Црна Гора

Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје во Црна Гора регистрирани се осум нови случаи со корона вирус и сега вкупно се 51.
Според соопштението, во текот на вчерашното попладне анализирани се уште 85 примероци на корона вирус.
Новопозитивните се од Подгорица, рожаје и бар.
Три контакти се од порано познати случаи, додека кај петмина се бара изворот на инфекција.
„Во текот на 22 јуни направени се 253 анализи и откриени се 13 нови случаи“, наведуваат од Институтот за јавно здравје.