Раст од 7,9 отсто на индустриското производство во првите четири месеци


Индустриското производство во април годинава порасна за 5,5 проценти во однос на минатогодишниот април, а во првите четири месеци од годинава порастот изнесува 7,9 проценти во споредба со истиот период од 2018 година.

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава во однос на истиот месец лани бележи пораст од 3,5 проценти, во Преработувачка индустрија пораст од 4,5, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18,6 отсто.

Соред податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во април во споредба со минатогодишниот април бележи пораст кај  Енергија за 20,6 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,7, Капитални производи за 2,4, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,6 отсто.