Раст на депозитите и на кредитите и во текот на август

За некои од фирмите проблем е што како критериум се зема вкупната задолженост и краткорочните обврски, наместо обврските по кредити кои достасуваат во тековната година

Вкупните депозити во Македонија бележат годишен раст од 5,2 проценти. Со изземање на податоците за Еуростандард банка АД Скопје – во стечај, вкупните депозити бележат месечен и годишен раст од 0,5 и 6,9 отсто соодветно, соопшти Народната банка.

При раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите, поизразен е кај секторот „домаќинства“.

Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,9 проценти, како резултат на кредитирањето кај двата сектора. Со изземање на податоците за Еуростандард банка АД Скопје – во стечај, вкупните кредити бележат месечен и годишен раст од 0,3 и 8,8 отсто, соодветно, информираат од НБРСМ.