Расказ од Томислав Османли со земјотресна тема го освои регионот


Кусиот прозен запис насловен „Мајка” на Томислав Османли деновиве беше објавен на македонскиот портал окно.мк ( https://okno.mk/node/96180 ). Станува збор за расказ напишан во потресната атмосфера по катастрофалниот земјотрес што погоди широк регон и опустоши повеќе градови во Турција и Сирија со близу четририесет илјади човечки жртви. 

Поттикнат од најновата земјотресна трагедија, авторот пишува за едно специфично поземјотресно спасување од под урнатините регистрирано на видео. Видеото не е од најновиот, туку од еден претходен разорен земјотрес, но документаризмот на пристапот, самата тема и заклучните пораки, на овој прозен запис му обезбедуваат поширока актуелност.

Така, „малиот земјотресен расказ”, на македонскиот писател доби поширока медиумска препознатливост, со што уследија и повеќе негови објави. Набрзо по македонска, со ангажманот на хрваскиот писател и преведувач Никола Шимиќ Тонин и на Хрватско-македонската тангента и нејзиниот прв човек, нашиот сонародник Сашо Георгиевски кој живее и работи во Република Хрватска, уследија повеќе објави во Хрватска: со насловот насловот „Kratka (potresna) priča” на веб-страниците на порталот Tris („Neovisni novinarski portal”, дел од Здружението за промоција на цивилното општество, медиумска култура и размена на информации од Шибеник) што го уредува Даворка Блажевиќ, позната хрватската новинарка од редовите на сплитска „Слободна Далмција” ( Kratka ( potresna ) priča: Majka ), ). 

Расказот на Османли се појави на електронските страници на порталот „Hrvatski glas Berlin” (MAJKA – Hrvatski Glas Berlin (hrvatskiglas-berlin.eu ) што се појавува во  германсата нетропола, како и на хрватското списание за литература „Kvaka” што се публикува во електронско како и во печатенo изданија, во кое преходно беше објавен расказот на Османли „Смук”(„Cug”- http://www.casopiskvaka.com.hr/search?q=Tomislav+Osmanli ).         

Сторијата „Мајка” ја публикува босанско-херцеговскиот блог „Književni kutak” со седиште во Сараево (https://jasminahanjalic.wordpress.com/2023/02/18/tomislav-osmanli-majka/).

Од друга страна, расказот кој авторот го преведе на грчки и на српски јазик, објавен е алтернативниот српски портал „Kontrapress” https://kontrapress.com/rubrika.php?rub=ARTivizam од Белград каде нашиот писател веќе објавил три свои бележити прози, додека угледното грчко списание „Енекен” со кое Османли често соработува,  (https://www.politeianet.gr/magazines/periodika-eneken-teuchos-55-ianouarios-iounios-2022-341782) од Солун што го уредува активистот,  писателот и издавач Јоргос Јанопулос, ќе го објави расказот на македонскиот авотр во првиот нареден печатен број.