Простории за трајно сместување на Музичкиот ансамбл од Тетово, за НУ Галерија Гостивар ќе се бара просторно решение


Владата вчера на 20-тата седница донесе Одлука со која Музичкиот ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово добива простории за работа на трајно користење и усвои Задолжение за просторно решение за сместување на НУ Галерија Гостивар, формирана со одлука на Владата.

-Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со којашто на Националната установа Музички ансамбл во Република Северна Македонија – Тетово му се даваат на трајно користење, без надомест, простории кои се наоѓаат на ул. „Тетово” бб, Тетово, сопственост на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. 

Во врска со сместувањето на НУ Галерија Гостивар, по насока на претседателот на Владата, задолжено е Министерството за култура да ја разгледа постојната документација, испратена од НУ Галерија Гостивар до Владата и да излезе со предлог-решение во врска со нејзиното трајно сместување.