Расистички изјави на таблоидите и Јелена Карлеуша, студентите ги осудија


Од протестот на студентите пред РТС

 

Студентите во блокадата денеска го осудија директното таргетирање на нивниот колега, откако тој беше мета на таблоидите и пејачката Јелена Карлеуша, кои расистички навредуваа еден од учесниците на протестот пред Радио телевизија на Србија прексиноќа.

Во објава на својот Инстаграм профил, Студентите во Блокада истакнаа дека поттикнувањето расизам и омраза е спротивно на сите вредности за кои се борат.

„Затоа ја осудуваме секоја јавна личност која ќе реши да ја искористи својата платформа на тој начин“, додаваат студентите.

Како што наведоа, неприфатливо е објавување дезинформации за поединец, повикување на дигитално насилство, како и објавување лични податоци на нивниот колега.

Учениците истакнаа како се трудат да го заштитат и пружат солидарност и поддршка на својот колега.

„Нападот на еден е напад на сите“, додаваат студентите.

Во објавата ја поставија и страницата од весникот „Информер“ на која пишува „Студент со африканско потекло протестира пред РТС. Сега и странците се занимаваат со српскиот Устав“.

Додадоа и скриншот од објавата на турбо фолк пејачката Јелена Карлеуша, на која преку фотографијата на студентот пишува: „Луѓе, ова е мојот доставувач од Wolt и не знае српски“.

После тоа, Карлеуша објави фотографија од приватниот Инстаграм профил на студентот на која напиша дека му истекла дозволата за престој и дека тој не е државјанин на Србија, па нема зошто да протестира против Србија.

„Можеби не постои устав во твојата далечна земја, но во Србија има устав и закон. Почитувајте го“, напиша Карлеуша.

Таа на крајот напиша, користејќи приватна фотографија од студентот, дека „темниот тип“ повикува на „света војна против христијаните“ на арапски, додавајќи дека тој не е државјанин на Србија, нема дозвола за престој и не студирал во Србија. (Фонет)