Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј

Монтереј е заинтересиран да го ангажира португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во пресрет на почетокот ба Светското клупско првенство.
Според новинарот Николо Шира, дефанзивецот на мексиканскиот клуб Серхио Рамос, поранешен соиграч на Роналдо во Реал Мадрид, се обидува да го убеди 40-годишниот фудбалер да се приклучи на тимот.
Роналдо по завршувањето на вчерашниот натпревар на Ал-Наср навести напуштање на клубот од Саудиска Арабија со зборовите: „Ова поглавје е завршено“.
Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули.
За првпат на ова натпреварување ќе настапат 32 екипи. Тие ќе бидат поделени во осум групи.
Монтереј ќе игра во Е-групата со Интер, Ривер Плата и Урава Ред Дајмонд.