Рами Малек ќе глуми негативец во филмот за Џемс Бонд
Оскаровецот Рами Малек ќе биде дел од актерската екипа во новиот филм за британскиот таен агент Џемс Бонд, јавува BBC.
Се работи за 25-тиот официјален филм за Џемс Бонд, а потврдата за ангажманот на Малек соопштена е на настан посветен на филмот одржан во Јамајка.
Малек освои Оскар за најдобар актер во февруари за улогата на пејачот Фреди Меркјури во филмот „Боемска рапсодија“, а сега ќе глуми негативец.
Сценаристката Фиби Валер-Бриџ се приклучи на екипата сценаристи. а името на новиот филм кој ќе се појави во кината во април 2020 година не е откриено.
Исто така, ова ќе биде и последен пат во улогата на Бонд да се појави Даниел Крег.