Радев си формираше проруска партија во Бугарија
Стефан Јанев, разрешениот министер за одбрана од владата на Кирил Петков, денеска ја промовираше својата инстант политичка партија зад која, според бугарски оценки , стои инспирација од претседателот Румен Радев кој ја губи контролата врз премиерот, па сака да му ја одземе власта. Јанев беше експресно сменет од владата откако излезе со проруска позиција во однос на војната во Украина.
„Бугарски подем ќе ја исполни демократијата со содржина. Надворешната политика треба да биде насочена кон зачувување на политичката независност преку барање на потребните баланси“, изјави Стефан Јанев на формирањето на неговата политичка формација.
Според него, Бугарски подем не е само уште една партија, туку автентична формација која ќе биде мост меѓу граѓаните и државните власти“, порача денес Јанев, кој е поддржан од луѓе од двете преодни влади. Тој ги опиша своите поддржувачи како „јадрото“ на „Бугарскиот подем“.

„ Денеска поставуваме нов почеток, кој се надевам дека ќе биде нов почеток за бугарската политика. Ова ќе биде формација која ќе биде блиска до народот, која ќе работи за народот“, рече на почетокот Јанев. Според него, навнатрепартискиот план „Бугарски подем“ ќе направи се за да ја земе предвид стручноста на своите членови и симпатизери.
„Отсега ќе зборуваме повеќе за „ние“. Да бидеме јасни од почеток, денешниот настан не е цел сам по себе. Не го правиме тоа затоа што бараме слава или престиж, сите ние сме докажани професионалци во нашите области. Сето ова го правиме затоа што не ни оставија избор. Само спасот не е решение. Време е повеќе да размислуваме за нашето утре“, додаде Јанев.
Според негова оценка, земјата се соочува со повеќе кризи.
„Нашиот општествено-политички, социо-економски систем е пред колапс. Не можеме повеќе да го толерираме налудничавиот авантуризам и неспособност кои не водат до дното. Се соочуваме со национална катастрофа, а не сме ни во војна“, рече тој.