Радев ја именува Горица Грнчарова-Кожарева за технички премиер


 

Бугарскиот претседател Румен Радев ја именуваше заменик-претседателката на Ревизорската комора Горица Грнчарова-Кожарева за технички премиер, соопштија од прес-службата на претседателот.

Шефот на државата претпладнево ја прими Кожарева за да ја задолжи да формира привремена влада.

Актуелниот премиер Димитар Главчев претходно денеска ја повлече искажаната подготвеност да ја прифати функцијата по вторпат за да се намали политичката тензија.

Новата влада треба да биде составена до 19 август.

Предвремените избори ќе се одржат на 20 октомври. Тоа ќе бидат седми избори во последниве три години.