Работилница „Географски ознаки за вино: Придобивки и визија за Македонија“

Работилница насловена „Географски ознаки за вино: Придобивки и визија за Македонија“ ќе се одржи денеска во М6 – едукативниот центар во Скопје посветен на придобивките од процесот на воспоставување географски ознаки и неговата важност за иднината на македонската винска индустрија.
На работилницата свои излагања ќе имаат проф. Ален Делоар, вински експерт и професор на Институтот „Агро“ во Монпеље, Франција, Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“, Милица Плетварска Атанасов, извршен директор на здружението „Повардарски – ВРВ“ и Ирена Ѓимревска, претставник на проектот develo.ppp (ГИЗ).