Пукнала голема цевка кај ОХИС, голем дел од Скопје е без вода


Неколку големи скопски населби, како и села во околината на главниот град вечерва немаат вода во домовите поради голем дефект, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Дефектот, според соопштението, се случил на голема водоводна цевка во населбата Кисела Вода, кај поранешната фабрика ОХИС.

„Поради уличен дефект со голем профил Ф-600 мм на улица „Борис Трајковски“ бб (лоциран точно пред главниот влез на поранешната фабрика ОХИС), водоснабдувањето е прекинато од 18:30 часот. Без вода во моментов се корисниците од следните населени места: Пинтија и Усје, Долно Лисиче и Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково.

Екипите на јавното претпријатие се веќе на терен и работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на состојбата се очекува по неговото целосно санирање во текот на ноќта“, велат од јавното претпријатие.