Пукање во Србија. Едно лице загина, неколкумина повредени, напаѓачот во бегство
Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вечерва имало пукање.
Според првите информации, во кафеана дошло до тепачка помеѓу неколку лица, по што дошло до пукање во кое неколку лица се повредени, пренесе Индекс.хр.
Се уште не се знае кој учествувал во пресметката, но едно лице е убиено, а други се повредени, додека напаѓачот е во бегство.
Според изјавите на граѓаните, на местото на настанот има неколку возила на брза помош.