Пукање во САД, убиена млада жена, а ранети се 14 луѓе
Во американскиот град Сент Пол дојде до пукање. Како што јавува Ен-би-си, едно лице е убиено, а најмалку 14 се ранети.
Пукањето се случило синоќа, 15 минути по полноќ, по локално време.
Според првите информации, повеќе напаѓачи пукале во еден локал.
Убиена е девојка во нејзините дваесетти години, а останатите кои се ранети биле пренесени во болница.
Од полицијата велат дека се очекува сите ранети да преживеат.
Сè уште не се знае кој пукал, ниту колку напаѓачи имало
„Во моментот се нашле во пеколна ситуација. Имаме најдобри истражители во земјата и нема да застанеме додека не откриеме кој е одговорен за ова лудило“, вели пефот на полицијата Тод Акстел.
„Срцето ми се крши за убиената девојка, нејзините најмили и сите останати кои биле во тој бар“, додава Акстел.
Градот Сент Пол во кој се случило пукањето е главен град на сојузната држава Минесота.