Пукање во Љубљана: „Сите бегаа како да има терористички напад“


 

Три лица се повредени во напад во кој е користено и огнено оружје, што се случи денеска во главниот град на Словенија, Љубљана.

Нападот се случил пред популарниот трговски центар „Бе-те-це“ на пазарот.

Веднаш дошле полициски возила, а ранетите кои не се животно загрозени, превезени се во болница.

Обезбедувањето од блиските продавници и очевидци наведоа дека одеканле осум до десет истрели, при што се ранети двајца мажи, додека еден добил повреда на главата со тап предмет.

„Сите бегале како да е терористички напад“, сведочат очевидци, додека на земја лежеле двајца ранети, викајќи од болка.

Напаѓачите наводно побегнале во бело приватно возило и уште се во бегство.

„Интервенцијата и активноста на полицијата за собирање податоци на самото место е во тек“, вели портпаролот на полицијата.