Пукање во Чешка – има мртви и повредени


Две лица се убиени во пукотницата што се случи во чешкиот град Хрибска.

Според првичните информации, една жена е убиена во градското собрание, додека најмалку четири лица се повредени.

Според полицијата, напаѓачот е убиен.

Полицијата објави на социјалната мрежа X дека извршила акција во градот Хрибска.

Како што објавува „Вечерњи лист“, прво напишаа дека сите расположиви сили се движат кон градот Хрибска поради пријава за пукање во градското собрание, а подоцна објавија дека сторителот е „елиминиран“.

Исто така, изјавија дека три лица и еден полицаец се повредени.

„Зградата е безбедна! Во овој момент можеме да потврдиме дека една жена и сторителот починале“, наведоа тие во соопштението.