Пукање во Балтимор: Еден убиен, пет ранети


 

Едно лице е убиено, а пет се ранети во пукање во американскиот град Балтимор, соопшти градскиот полициски службеник Мајкл Харисон.

Тој рече дека ранетите се во тешка и критична состојба, пренесе АП.

Како што појасни, за сега на истражителите им е познато дека шест лица биле заедно во еден блок кога двајца или тројца шетајќи по блиската улица стигнале д крстосницата и почнале да пукаат.

Напаѓачите побегнале.

Полицијата реагирала на дојава дека дошло до пукање околу 14 часот по локално време и затекнала две лица, на кои е пукано. Тие се пренесени во болница, додека уште четири лица се однесе ви болница со приватно возило, додаде Харисон.