ПСЖ со Меси, Мбапе и со Нејмар не победи, Сити постигна дури шест гола


Во средата беше комплетирано 1.коло од новата сезона во Лигата на шампионите со одлични натпревари на „Енфилд“ и „Етихад“

 

Имаше многу голови во првото коло од Лигата на шампионите. Така, во едден од најзанимливите натпревари од групата Б, во кој Милан гостуваше на Енфилд против Ливерпул беа посстигнати пет гола, а на крајот Ливерпул победи со 3: 2.

Ливерпул жестоко го отвори натпреварот. Тој поведе во деветтата минута со автоголот на Томори, додека многу брзо потоа Салах не успеа да реализира пенал за 2: 0. Милан го издржа тој притисок, а на крајот од првото полувреме, Ребиќ во 42. минута прецизно го насочи спротивниот агол од домашниот гол за 1: 1, а само две минути  Брахим Дијаз погоди за пресврт на Милан (2: 1).
Сепак, следеше нов пресврт, овој пат во режија на играч на Ливерпул. Салах и Хендерсон погодија за конечни 3: 2. 
Во вториот натпревар од оваа група, Атлетико одигра традиционална тешка игра. Овој пат со Порто во Мадрид и заврши 0: 0.

Реал во неизвесен натпревар до самиот крај го победи Интер на ан Сиро: Камавинг асистираше, Родриго постигна гол и го казни италијанскиот шампион.

ПСЖ не се прослави во Белгија каде што играше со Клуб Бриж. За прв пат во оваа сезона заиграа заедно Меси, Нејмар и Мбапе од првата минута, но белгискиот тим брилијантно одолеа на тој атомски напад. Заврши 1: 1, а голот за гостите не го постигна ниту една ѕвезда туку Херера.

Во вториот натпревар од групата А имаше неколку голови на „Етихад“, а Манчестер Сити беше подобар од Лајпциг со 6: 3. Во 16 -та минута Сити поведе (Аке) и беше во постојана предност, иако германскиот тим постојано се закануваше и ја намалуваше негативата. Германците дојдоа до 2: 3 и 3: 4, но Сити сепак остана недопирлив. Сите голови за гостите ги постигна Кристофер Нкунку.