Прво полуфинале на Евросонг во Ливерпул

Од земјите од регионот, Србија и Хрватска ќе настапат вечерва, додека Албанија и Грција ќе се претстават во втората полуфинална вечер


Ливерпул– Вечерва, од 21 часот, е првото полуфинале на 67. Евросонг во Ливерпул, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и британскиот Би-би-си.

Би-би-си ќе биде домаќин на 67-то издание во име на Украина. Тоа е само прв пат од 1980 година натпреварот да не се одржи во земјата победничка. Ливерпул вечерва станува шестиот британски град домаќин по Лондон, Единбург, Брајтон, Харогејт и Бирмингем.

Годинава на Евровизија ќе учествуваат 37 земји, под слоганот„Обединети од музиката“ (United By Music) , односно три помалку од минатата година, откако покрај Македонија, учеството го повлекоа и Бугарија и Црна Гора. Првите петнаесет ќе се натпреваруваат вечерва, од 21 часот на грандиозната сцена на Ливерпул Арената, а како и воообичаено, десетте најдобро пласирани земји на крајот на вечерта ќе се пласираат во финалето в сабота на 13 мај. Вечерва домаќини се Џулија Санина, Хана Вадингам и Алиша Диксон. 

Отворањето на годинешото издание на престижната музичка манифестација со 200 милиони гледачи ширум светот, ќе биде посветено на Украина: Јулија Санина ќе го инаугурира шоуто изведувајќи ги Мајак и Заедно во електрични соништа. Првиот е неодамнешен сингл на нејзиниот бенд The Hardkiss. Понатаму, во интервалот ќе се види поранешната учесничка на Евровизија, Аљоша (2010) како ја пее Ordinary world заедно со Ребека Фергусон. Конечно, светската ѕвезда со косовски корени Рита Ора ќе се појави со мешавина од нејзините успеси, па дури и нејзиниот сосема нов сингл „Praising you“.

Секој учесник вечерва ќе биде претставен со традиционалната разгледница во времетраење од 40 секунди. Оваа година Би-Би-Си отиде на технологија со 360° беспилотни летала . Воведувањето ќе започне секој пат на локација во Украина, потоа ќе се пресели на друга локација во Обединетото Кралство и на крајот ќе слета во земјата на изведувачот. Трите локации ќе бидат поврзани со специфична тема поврзана со активноста по избор на секој претставник.

Прво полуфинале

Ждрепката за двете полуфиналиња се одржа на 31 јануари во салата Сент Џорџ во Ливерпул. Точниот редослед на настапувачите беше објавен на 22 март. 

Македонија за првпат од 2004 година ќе нема свој претставник на Евросонг. Но, сепак, фановите на Евровизија во земјава, сепак, ќе имаат можност да го следат преносот на Македонската радио-телевизија. Македонија, заедно со САД и Чиле се единствените држави кои не се учеснички, а ќе имаат можност да го следат преносот во живо на телевизија.

Покрај ова, гледачите кои гледаат во земјите што не учествуваат на годинешното натпреварување, за првпат ќе може да гласаат на Евровизија преку официјалната мобилна апликација или директно на евровизиската интернет-страница.

Според обложувалниците, најголеми шанси за победа годинава има шведската претставничка Лорин (Loreen), која веќе еднаш ѝ однесе победа на земјата – во 2012 година со песната „Euphoria“.

Доколку победи и годинава, Лорин ќе биде втората пејачка во историјата што победила два пати на овој натпревар. Ирскиот пејач Џони Логан  е единствениот што досега победил три пати на ова натпреварување – два пати како изведувач и еднаш како автор на песна.

Покрај Шведска, обложувалниците поголеми шанси за победа им даваат и на Финска, Франција и Украина, а најмали на Романија, Латвија и Албанија. (ЕБУ)