Први смртни случаи од западнонилската треска во Бугарија


 

Во Бугарија се регистрирани првите смртни случаи по заразувањето со западнонилската треска, вирусна болест која главно се пренесува преку комарци. Двајца мажи на возраст меѓу 61 и 74 години починаа во Софија откако итно беа примени во болница поради слабост во екстремитетите, замор, висока температура. Едниот имал Паркинсонова болест.

Има и трет регистриран случај, постар маж од областа Хасково, за кој се верува дека се заразил со инфекцијата во Грција. Мажот се вратил во земјава на почетокот на август поради поплаки за вкочанетост и силна болка во мускулите, осип на кожата, повраќање и температура од 38 степени.

Министерството веќе испратило дописи до подрачните здравствени инспекторати со упатство за зајакнување на надзорот и контролата на болеста на територијата на соодветната област.

Оваа болест е предизвикана од вирус од семејството Flaviviridae. Не сите комарци можат да го носат вирусот, туку само одреден род.

Периодот на инкубација за западнонилската треска е помеѓу 3 и 14 дена. Околу 80 отсто од инфекциите кај луѓето се случуваат без симптоми, така што ако некое лице е во добра општа здравствена состојба, тој можеби не ни знае дека ја имал оваа болест. Околу 20 отсто од заразените со вирусот развиваат западнонилска треска. Болеста е обично блага до умерено тешка, со симптоми слични на грип: температура, главоболка, малаксаност, замор.

Няма ваксина срещу заболяването. Тъй като обикновено заболяването се разпространява при хората от заразени комари, които се инфектират от заразени птици, личните предпазни мерки за предотвратяване на инфекцията включват:

Не постои вакцина против болеста. Таа обично се пренесува на луѓето од заразени комарци кои се заразени од заразени птици.