Први резултати од токсиколошката анализа на Метју Пери
Објавени се првите резултати од извештајот за токсикологија, кои потврдија дека Метју Пери не конзумирал фентанил или метамфетамин, а во неговото тело нема никакви траги од овие недозволени супстанци.
Ова е само прво откритие, а се очекува ново големо откритие, пишува Daily Mail. Целосниот токсиколошки извештај за Метју Пери можеби нема да биде достапен со месеци.
Портпаролот на полицискиот оддел во Лос Анџелес потврди дека полицијата не пронашла сомнителни супстанци во неговиот дом и дека пронашла само лекови на рецепт.
Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери почина во саботата откако беше повикана службата за итна помош на телефонскиот број 911 поради застој на работата на срцето. Телото на омилениот Чендлер беше пронајдено во џакузито во неговиот дом.
Пери беше најпознат по неговата долгогодишна улога на Чендлер Бинг во мега популарната ТВ серија „Пријатели“, која се емитуваше 10 сезони на Ен-Би-Си (NBC) од 1994 до 2004 година и е многу популарна и денес.