Први фотографии: Џеј Ло во венчаница на Ралф Лорен со вел од седум метри
Раскошниот имот на невестата и младоженецот во Рајсборо, Џорџија бил целосно украсен во бело, а младенците на крајот тргнале со луксузен винтиџ автомобил
САД– Веќе не мораме да замислуваме како изгледаше венчавката на познатиот актер Бен Афлек и неговата избраничка, поп ѕвездата и актерка Џенифер Лопез. Само што пристигнаа првите фотографии од нивната бајковита бела венчавка, одржана на неговиот раскошен имот во Рисборо, Џорџија.

Сите гости тој ден беа облечени во бело по желба на младенците, а најмногу се зборуваше за спектакуларната венчаница на Џенифер, фустан на Ралф Лорен со вел од седум метри, во која Џеј Ло помина бела пешачка патека преку водата до павилјонот каде таа и Бен велат „да“ по втор пат.
Свадбата ја водеше долгогодишниот близок пријател на Џенифер Џеј Шети, меѓу познатите гости беа долгогодишниот соработник и близок пријател на Афлек Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Баросо, како и режисерот Кевин Смит и актерот Џејсон Мевес.

Инаку, парот требаше да се венча на овој имот уште во 2003 година, но набрзо потоа ја раскинаа свршувачката. Инаку, Афлек ја огласи куќата на продажба во 2018 година за цена од осум милиони долари, а сега е пресреќен што не најде нов сопственик.

За храната беше задолжена угостителската компанија York Diner, која на свадбеното мени понуди препознатлива јужна храна – како пржени свински рифови, печено пилешко, тестенини со сирење и тепсија од тиквички.